дома Локално Гужви на Табановце, Богородица и Блаце

Гужви на Табановце, Богородица и Блаце

Продолжениот викенд и денес прави гужва по граничните премини.

Информациите на Авто мото сојузот покажуваат дека времето на чекање на граничниот премин Богородица за излез од земјава е околу еден час, а на Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ПредходнаГаши: Денот на Републиката нè обединува околу вредностите врз кои е изградена државата
СледнаСообраќајка кај селото Другово на патот Кичево – Скопје