Првата дама на САД, Меланија Трамп, изрази надеж дека до Божиќ ќе биде постигнат нов договор за локално примирје меѓу Русија и Украина , објави „Фокс њуз“.
„Секако, мир низ целиот свет. Но, пред сè, би сакала повеќе договори за прекин на огнот“, рече таа кога новинарите ја прашаа за божиќниот подарок што Меланија Трамп сака да го добие.
Сопругата на американскиот претседател потсети дека помогнала во спроведувањето на слична иницијатива претходно оваа есен во украинскиот град Олешки .
Покрај тоа, Меланија Трамп изјави дека „моментално се работи на постигнување на уште едно слично локално примирје и веројатно е дека ќе имаме уште едно примирје до Божиќ“.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, на состанок со американските преговарачи, предложи практиката на хуманитарната операција во Олешки да се прошири на Константиновка во Донецк.

