дома Магазин дизајн на Милан Митев од Скопје, дел од изложбата на ѕвезди во...

дизајн на Милан Митев од Скопје, дел од изложбата на ѕвезди во подем во индустрискиот дизајн одржана во Милано

121

По тешката пандемиска година која ги ограничи можностите за младите дизајнери да го покажат својот талент, неодамна во изложбениот центар Fiera Milano во Милано, Италија, се одржа таканараченото The Lost Graduation Show, доведувајќи ги во фокус талентите во подем во светот на индустрискиот дизајн. Беа претставени 170 проекти од 48 дизајн-школи од 22 земји (избрани од вкупно 300 дизајн-школи во 59 земји).

Еден од нив е проектот Lumi, на 25-годишниот Пјетро Мондини од Милано и 27-годишниот Милан Митев од Скопје, двајцата на магистерски студии по индустриски дизајн на универзитетот SPD (Scuola Politecnica di Design) во вториот најголем град во Италија.

Lumi, едноставно кажано, е кафе-масичка и столна ламба во едно. Со оглед дека долната страна од површината е таа што е осветлена, вие сте тие кои, со едноставен потег, решавате дали Lumi во дадениот момент ќе биде едното или другото, или двете истовремено. Следниве фотографии и видео на Милан Митев ќе ви појаснат како тоа изгледа:

 

Како што објаснуваат двајцата дизајнери, Lumi е проект кој произлегува од најновите истражувања за клучната важност на светлината врз животниот циклус, односно врз природните внатрешни процеси кои го регулираат 24-часовниот циклус на спиење и будење. Изработен од дрво, светлината е интегрирана во „скриената“ метаструктура и овозможува визуелна елеганција во едноставна естетика. Двете функции ги обединува кружната форма.

 

Дел од останатите проекти кои беа претставени на The Lost Graduation Show, можете да погледнете ТУКА, или на Инстаграм.

– Реклама –

ПредходнаПоради аерозагадувањето, околу 40% од Индијците живеат 9 години пократко
СледнаАко продолжиме по теркот дека младите се добри само за варење кафе, може да останеме земја на администрација и пензионери