дома Магазин „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ стартува со отворени разговори за менталното здравје

„Ротари Клуб Скопје Интернационал“ стартува со отворени разговори за менталното здравје

69

09.02.2022, Скопје – За да ја подигне свеста за состојбите со менталното здравје и за да инспирира промена во ставовите кон овие прашања, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ започнува отворени разговори на тема „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија.“ Првиот отворен разговор ќе се одржи на 22.02.2022 година со почеток во 20.00 часот, а ќе биде организиран онлајн и ќе биде отворен за сите заинтересирани. Темата носи наслов „Како да препознаете анксиозност? Рефлекторите свртени кон средношколската популација“, а е посветена на младите во време на пандемијата и појавата на таканаречена „Генерација Ковид-19“.

Повеќе од 450 милиони луѓе во светот страдаат од нарушување на менталното здравје, а околу 20 отсто од децата и адолесцентите имаат ваков тип на проблеми, се вели во извештајот на Светската здравствена организација. Нарушувањето на менталното здравје се зголеми во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и стана дополнителен ризик-фактор за луѓето, а лицата кои се соочуваат со вакви проблеми понекогаш не се свесни за својата состојба.

Во услови на пандемија, кога светот се соочува со здравствени и економски предизвици, важно е секој од нас да даде свој придонес и да создаде услови за решавање на одредени отворени прашања што влијаат во општеството. Свесни дека пандемијата негативно влијае на менталното здравје на луѓето, ние сакаме да создадеме платформа на која ќе се разговара, на оваа тема. Ги покануваме сите заинтересирани да се вклучат во оваа наша иницијатива, но истовремено ги повикуваме и оние што можат да помогнат да ја стават својата стручност на располагање“, истакнаа од „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ .

За да се опфатат повеќе теми, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“ ќе организира серија разговори кои ќе се одржуваат еднаш месечно – секој последен вторник во месецот. „Фобии и стравови – дали се работи за исти состојби? “, „Депресија и анксиозност, знаеме ли доволно за тоа?“, „Психози, што е тоа?“, „Панични напади – дали умот го владее разумот?“, се дел од темите на кои ќе се зборува во рамките на овие разговори. Дополнително на тоа, сите заинтересирани кои сакаат да предложат тема можат да го направат тоа на електронската адреса rotaryclubskopjeinternational@gmail.com. Линкот за приклучување во отворените разговори ќе биде јавно објавен пред нивното одржување.

На првите теми ќе учествуваат и Ана Попризова, психолог и Гешталт терапевт, Василка Димитровска и други експерти од областа.

Ротаријанците од целиот свет повеќе од 110 години работат на промовирање на позитивните вредности, солидарноста и хармонијата во светот. Во таа насока е и оваа иницијатива на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, а неговите претставници ја презентираа и пред Гувернерот на Дистриктот 1912 Душан Петерковиќ, на состанокот што се одржа во хотелот Лимак Скопје.

Ваков тип на активности се спроведуваат во преку 35.000 Ротари клубови ширум светот, а кај нас делуваат 20 клубови на Ротари, кои делуваат во различни области во насока на исполнување на своите цели.

– Реклама –

ПредходнаФизичката дистанца и онлајн наставата влијаат врз менталното здравје и социјализацијата на децата
СледнаВнесување пробиотици и нивните корисни ефекти