дома Магазин Внесување пробиотици и нивните корисни ефекти

Внесување пробиотици и нивните корисни ефекти

68





Редовното внесување пробиотици може да има бројни корисни ефекти врз здравјето, и тоа пред сè врз дигестивниот тракт, за стимулирање на варењето и забрзување на метаболизмот, за намалување на надуеноста, за редуцирање на лошиот холестерол и добро влијание врз срцето, како и за подобрување на одредени состојби на менталното здравје (особено депресија). Исто така, многу е корисен и ефектот врз имунитетот. Пробиотиците може да имаат потенцијални придобивки и да делуваат како превенција на симптомите на грип и настинка.

Пробиотиците се грижат за правилно функционирање на дигестивниот тракт. Некои од добрите бактерии што се потребни на нашиот дигестивен систем, а со тоа и на целокупното физичко и психичко здравје се Bifidobacterium, Lactobacillus acidophilus и пребиотикот олигофруктоза. Bifidobacterium е пробиотик кој е природно присутен во цревата и служи за претворање на хранливите материи во енергија. Lactobacillus acidophilus е пробиотик кој може да се најде во ферментирана храна, како што е функционалниот јогурт Баланс+. Покрај тоа што го помага варењето, се смета дека го намалува холестеролот и ги намалува симптомите на настинка и грип. Она што е сигурно е дека е одличен за здравјето на цревата и за одржување на рамнотежа на цревната флора.

Олигофруктозата има пребиотичка функција и доаѓа од растителни влакна. Пребиотиците се вид диетални влакна кои служат како храна за добрите бактерии и на тој начин ја одржува рамнотежата на цревната флора. Така, пребиотиците ги задржуваат пријателските бактерии во цревата и делуваат симбиотски со добрите бактерии, забрзувајќи го нивното дејство.

Функционалниот јогурт Баланс+ со уникатниот Bifido Digestio комплекс комбинација од двете пробиотски култури: Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12 и пребиотикот олигофруктоза, ги содржи и го снабдува организмот со овие хранливи состојки. Придобивките врз дигестивниот систем од Баланс+ јогуртот се докажани и  преку клинички испитувања, односно со редовно консумирање на Баланс+ пробиотскиот јогурт во тек на само 10 дена, работата на дигестивниот систем значително се подобрува. За постигнување на овој ефект оптималната препорачана доза е 500 г Баланс+ дневно најдобро поделено во два оброка, за појадок и за вечера.

* Комерцијален текст

– Реклама –








Предходна„Ротари Клуб Скопје Интернационал“ стартува со отворени разговори за менталното здравје
СледнаДа му помогнеме на двегодишниот Јован да има подобар живот