дома Технологија Вселенско летало на НАСА ќе удри во астероид со цел да ја...

Вселенско летало на НАСА ќе удри во астероид со цел да ја заштити Земјата

75

Во следниве часови, Американската вселенска агенција (НАСА) ќе направи експеримент со вселенско летало кое ќе удри во астероид со цел да тестира дали и како може да се спречи големо вселенско тело ја погоди Земјата.

Демонстрацијата на мисијата наречена „Дарт“ (Тест за пренасочување на двоен астероид) ќе се одвива на 11 милиони километри од Земјата на астероидот наречен Диморфос. Ударот е темпиран да се случи во 23:14 часот по средноевропско време.

Од НАСА велат дека во моментов астероидот не се движи во насока кон Земјата, а уверуваат дека ниту овој тест-експеримент нема да предизвика тој да се насочи кон нашата планета.

Идејата на научниците е дека е потребно да се промени брзината со која се движи астероидот со цел да ја одмине Земјата без да се удри во неа. Поентата е оваа промена да се направи многу однапред.

Мисијата „Дарт“ ќе ја провери оваа теорија со брзина од над 20.000 километри на час. Тоа треба да ја промени орбитата на движење на астероидот околу многу поголем астероид наречен Дидимос.

НАСА ветува спектакуларни фотографии што ќе ја пренесат целосната слика при судирот на леталото во астероидот.

„Дарт“ е првата планетарна одбранбена тест-мисија што демонстрира влетување на вселенско летало во астероид со цел да ја промени позицијата на астероидот за толку малку во вселената. Всушност ова е нешто што доколку е потребно, може да го направиме години однапред со цел да ја промениме идната позиција на одреден астероид за тој да не удри во нашата планета“, вели д-р Ненси Чабот што ја предводи мисијата.

Мисијата ќе ја набљудуваат телескопи, а меѓу нив ќе биде и најсофистицираната опсерваторија „Џејмс Веб“.

ПредходнаРоверот „Истрајност“ откри „ризница“ од органска материја на Марс
СледнаДенес започнува хакатонот „NASA Space Apps Challenge“