Порталот за информатичка технологија „IT.mk“ објави листа на топ 10 жени од Македонија во ИТ индустријата, кои со своите успеси активно придонесувале за зајакнување на оваа сфера. Изборот го направиле одговорните во редакцијата на порталот, во консултација со организациите „Women In Tech Macedonia“, „Startup Macedonia“ и „GEA“.
„Идејата за листата на најистакнати ИТ жени произлегува од резултатите од спроведеното мапирање на локалната ИТ индустрија за 2022 година, кое укажува на сериозен проблем во поглед на родовата еднаквост во оваа индустрија во земјата“, наведено е во соопштението до медиумите.
Како што оттаму информираат, анкетата што ја спровеле покажала дисбаланс не само во застапеноста на жените во оваа индустрија, туку и во разликата во плати, особено на сениорски и менаџерски позиции.
„На листата на топ 10 жени во ИТ индустријата, се Светлана Кордумова, Делфина Јовановска, Марија Најдова, Александра Митревска, Нина Георгиева, Моника Симјановска, Елена Икономовска, Калина Трајаноска, Катерина Трајчевска и Елена Миовска“, информираат од порталот.
Листата и подеталните биографии на топ 10 жените се достапни на овој линк.