дома Магазин Како да го зајакнете либидото?

Како да го зајакнете либидото?

72

Долгите врски се вистински предизвик за сексуалниот живот и истовремено отвораат различни опции за експериментирање и лесно запаѓаат во рутина.

Интимност е обично присутна, но страста често знае „да одлета“ и порано од што сте очекувале.

„Не, нема веднаш да ја врати секси долната облека и афродизијаците, барем не долгорочно. Најпрво треба да го промените начинот на кој што го доживувате партнерто за да можете да тргнете во вистинска насока“, истакнува американската брачна терапевтка Естер Перел, авторка на книгата „Парење во заробеништво: Отклучете ја еротската интелегенција“.

Гледајте го партнерот на поинаков начин

Жените во партнерот најчесто бараат сигурност, но токму тоа може да ја убие сексуалната желба. Ние сакаме заштитник, но истовремено бараме таинственост и изненадување. Партнерот почнете да го гледате на поинаков начин, особено ако работи нешто страствено или нешто што предизвикува восхит. Тоа прави чуда за либидото, тврди американскиот психолот доктор Елизабет Ломбардо.

Кажете јасно што ве возбудува

Ни сензуалната масажа, ни грицкањето нема да ја зголеми температурата во спалната собра ако тоа не е она што вас ве возбудува. За секој од нас тоа е нешто други, објаснува Перел. Од тоа не треба да се плашите ниту да се срамите бидејќи, на крајот, вие сте одговорни за своето задоволство.

Дознајте што точно го убива вашето либидо

Да знаете што ве возбдува е подеднакво важно како и да откриете што ја убива сексуалната желба. Најчесто тие причини не се во врска со партнерот, туку со ниската самодоверба, стресот на работа и заморот. Тоа е секако важно да му го напоменете на партнерот за да не помисли дека тој е главниот виновник за недостигот на потребното расположение, советуваат брачните терапевти. Партнерот може да го замолите да вложи повеќе труд во предиграта, но тоа не значи дека се’ зависи од него, пишува магазинт „Женско здравје“ (Women’s Health).

Избегнувајте секс како обврска

Во секс не треба да се впуштате ако не уживате во тоа или затоа што мислите дека морате бидејќи не сте имале долго. Со тоа само ќе го намалите задоволството на партнерто, потврдила студија на канадскиот Универзитет во Торонто. Секс од должност нема да ви донесе ни задоволство ни блискост, а токму тоа е она што ви е потребно.

Побарајте ментор

На работното поле пожелно е да пронајдете ментор, некој кому можете да му се обратите и да побарате совет, па зошто тогаш тоа не би го сториле и во љубовниот живот, прашајте брачен терапевт. Таков вид помош може да придонесе за побрзо пронаоѓање, па дури и решавање на проблемите.

Вежбите и јаткасите плодови го јакнат либидото 

Со годините либидото слабее, а за тоа во голема мера  е одговорна и хормонската нерамнотежа. Тие промени може да ублажат со промена на исхраната и со поголем внес на јаткасти плодоив, кокосово масло и проетеини кои помагаат во контрола на расположението. Помагаат и витаминскиот додатоци особено витаминот Б кој што го подобрува расположението. Освен поздрава исхрана важно е редовно да вежбате. Особено добри се вежбите кои го поттикнуваат лачењето на тестостеренот и јакнењето на либидото.



ПредходнаДали знаете што е сексуална заблуда?
СледнаПодготви се за опуштено филмско уживање во празничничните денови со МТЕЛ мобилната апликација mPLAY