дома Култура Ново од продукцијата на Телеком Србија: „Круна“

Ново од продукцијата на Телеком Србија: „Круна“

70

Во Белград почна снимањето на најновото кинематографско остварување во продукција на Телеком Србија, Кинооко филм и 100 Strong Production, кое според зборовите на креаторите е најголем проект на домашната продукција во Србија во последните 50 години.

Филмот и ТВ серијата „Круна“ се најавува како музичка бајка со елементи на трилер, а режисерот Василије Никитовиќ вели дека оваа приказна за слава, успех и љубов секако ќе се издвои, како со својата содржина така и единствениот жанр во кој музиката игра една од главните „улоги“.

Според директорката на Дирекцијата за мултимедија во Телеком Србија, Александра Мартиновиќ станува збор за посебен проект, кој што уште еднаш потврдува дека Телеком Србија, чија членка е и МТЕЛ, новиот мобилен оператор во Македонија, на публиката и нуди најразлични содржини.

„Сигурна сум дека поради својот квалитет, како актерски така и музички, и овој проект ќе доживее интернационализација, имајќи предвид дека нашите содржини веќе се гледаат на пет континенти ширум светот. Нè очекуваат бројни нови премиери, нови сезони од добро познати серии и мило ми е што заедно со сите овие талентирани луѓе ја подигаме летвичката за квалитетот на домашната кинематографија“, истакна Мартиновиќ.

Актерот Драган Јовановиќ ја толкува една од главните улоги, според неговите зборови најблагороден лик кој досега го глумел.

„Го толкувам ликот на Роман, кралот на чергата. Временската рамка на приказната се протега низ повеќе од 30 години и за сето тоа време, како крал на песната и музиката, никогаш своеволно не сум направил ниту еден аудио запис од своето музичко изведување. Мојот лик го надминува конзервативното и заминува во сферата на својата самодоволност. Строг, правичен и неоспорен како авторитет, владеам со чергата заедно со својата сопруга“, наведува тој.

Главниот столб на проектот, музиката без која една бајка не би била можна, е доверена во целост на Горан Бреговиќ кој има и актерска улога, а еден од протагонистите е и познатиот уметник Рамбо Амадеус.

Продуцентот Душан Стојаковиќ наведува дека проектот наишол на поддршка од Филмскиот центар на Србија и Телеком Србија, како и тоа дека сите вклучени страни од самиот почеток верувале во успехот на проектот.

„Од 19 октомври, кога почна снимањето режисерот ‘гинеше’ за „Круна“, која ја маѓепса и комплетната екипа и затоа верувам во успехот на домашната, регионалната, а зошто да не и на светската сцена“, истакнува тој.

Филмот и серијата „Круна“ собраа богата актерска екипа меѓу кои Игор Бенчина, Вања Ејдус, Соња Колачариќ, Вук Костиќ, Стефан Бундало, Ива Штрљиќ, Јана Илиќ Милиќ, Бранислав Зеремски, Гордан Кициќ, Срѓан Тодоровиќ, Петар Стругар и прв пат во еден српски филм актерката Уна Бреговиќ, ќерка на Горан Бреговиќ.

Премиерата на филмот „Круна“ е планирана за наесен, додека серијата ќе биде емитувана на каналот Суперстар ТВ, којшто е дел од телевизиската понуда на МТЕЛ, преку сателитската телевизија mSAT TV. Филмот и серијата „Круна“ се очекува да станат дел и од Видеотеката на мобилната апликација mPLAY TV, која е достапна за корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија.

* Комерцијален текст

– Реклама –

ПредходнаРечиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники
СледнаПрима е природен избор – природен дел од вашиот дом