Експлозијата од гигантска дамка на Сонцето што се се случи во неделата предизвика огромен „сончев факел“ што достигна до Земјата и предизвика прекини во телекомуникациите во делови на САД и во Пацификот. Сончевата дамка AR3354 од која што изби факелот е седум пати поширока од Земјината топка, пренесува Space.com.
Овој сончев факел во неделата попладне беше забележан како ултравиолетова светлина од Соларната динамичка опсерваторија на НАСА. Тој е означен како класа Икс, категорија во која влегуваат најсилните сончеви факли.
Радијацијата на факелот, како што известува Spaceweather.com, го јонизирала најгорниот дел на Земјината атмосфера во период од 30 минути. Тоа предизвикало прекини на краткобраново ниво над западните делови на САД и Тихиот Океан.
X FLARE IN PROGRESS!!! Sunspot region AR3354 near the NW limb just produced an X1.07 Flare (between the 10th and 14th biggest flare so far, this solar cycle). That is the 18th X flare during SC25 (compares to just 14 from SC24). pic.twitter.com/5rdGvCHDWg
— Keith Strong (@drkstrong) July 3, 2023
Кит Стронг, соларен физичар сподели неверојатна снимка од блесокот на Твитер. Тој, исто така посочи, дека во јуни е забележана најголемата бројка сончеви активности во последните 20 години, односно од септември 2002 година.
Сончевите факли се создаваат кога магнетните полиња околу сончевите дамки се прекршуваат и се разбиваат, а потоа повторно се спојуваат.
Долготрајните факли некогаш предизвикуваат верижна реакција на други масовни ерупции, односно исфрлање огромно количество материјал од Сонцето во форма на плазма.
Блесокот во неделата имал потенцијал да предизвика ваков серијал ерупции, но сепак досега соларните опсерватории не забележале ваков феномен поврзан со сончевата дамка AR3354.