дома Свет Демарш од Грција до НАТО за честитка до Турција

Демарш од Грција до НАТО за честитка до Турција

73





Поради твит со честитки до Турција за „Денот на победата“, објавен од копнените сили на НАТО во Измир, официјална Атина испратила писмен демарш до генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, брифирале грчки дипломатски извори за медиумите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, Командата на копнените сили на Алијансата во Измир упатила честитка до Турција за вчерашниот празник што е ден на турските вооружени сили и годишнината од поразот на грчките сили во Мала Азија во 1922 година.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека по инструкции од Министерството за надворешни работи на Грција, постојаната мисија на земјата во НАТО, вчера испратила писмен демарш до Генералниот секретар на Алијансата поради честитката, а според истите извори, во демаршот било истакнато дека е неприфатливо националниот ден на вооружените сили на Турција да се поврзува со денот на победата против сојузничка земја.

МИА

– Реклама –








ПредходнаHttpool на Aleph стана претставник во Централна и Источна Европа за поддршка на Microsoft Advertising
СледнаСоветот на Европа ја критикува Полска поради односот кон германското малцинство