дома Свет ЕК одобри употреба на нова адаптирана вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“

ЕК одобри употреба на нова адаптирана вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“

71





Европската комисија соопшти дека денеска ја одобрила употребата на новата адаптирана вакцина против корона вирусот на производителот „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“), во текот на есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 во земјите членки на ЕУ.

– Оваа вакцина означува уште една важна пресвртница во борбата против болеста. Тоа е трета адаптирана варијанта на оваа вакцина, со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19, се наведува во соопштението на ЕК.

Вакцината може да ја примаат сите категории граѓани, вклучително и повозрасни лица, деца и доенчиња на возраст од над шест месеци.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, согласно претходните препораки на Европската медицинска академија (ЕМА) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), возрасните лица и децата над петгодишна возраст на кои им е потребна вакцинација, треба да примат единечна доза без разлика на нивната историја на вакцинација против Ковид-19.

Еврокомисијата во соопштението посочува дека целта на адаптација на вакцината била да се таргетира Омикрон сојот на вирусот, но се очекува да придонесе за поголем имунитет и против останатите варијанти.

МИА

– Реклама –








Предходна„Интересот на Северна Македонија како ретко кога целосно се поклопува со интересот и на САД и на ЕУ“
СледнаНема одржлив мир доколку Украина не ја врати контролата над Крим