дома Технологија Ковачевски: Огромна ни е посветеноста за дигитална трансформација на општеството

Ковачевски: Огромна ни е посветеноста за дигитална трансформација на општеството

74

Нашата посветеност да обезбедиме дигитална трансформација на општеството и приближување на европските стандарди е огромна и видлива. Во Северна Македонија во моментов 83 отсто од домаќинствата имаат пристап до широкопојасен интернет, а 91 отсто од компаниите користат различна технологија, како и широкопојасен интернет, кажа во своето обраќање денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој се обрати на отворањето на Талинскиот дигитален самит во Естонија.

„Употребата на електронски услуги бара активен и интензивен ангажман за да се обезбеди европско ниво што е можно поскоро, а тоа го поставивме како приоритет во планот за дигитална трансформација наречен Дигитална Ера, како и во Националниот план за широкопојасен интернет со кој треба да се елиминираат т.н. бели зони и да се обезбеди ултрабрз интернет до оние семејства на кои им е потребен бидејќи земјата е покриена со оптика во домовите“, кажа Ковачевски.

Тој рече дека дигиталната трансформација е вовед и основа за развој на повеќе полиња како што е сајбер безбедноста, но и користењето на вештачката интелигенција како идна можност за што побрзи и поефикасни услуги за граѓаните.

„Ние годинава ја претставивме АДА, првиот асистент со вештачка интелигенција кој за компаниите обезбедува асистенција при аплицирање за владина поддршка. Само во првите 48 часа од поставувањето, АДА имаше опслужено над 1.300 граѓани, што само ни дава увид во можностите и потребата за развој на овој тип на алатки врз основа на вештачка интелигенција и високи технологии“, рече премиерот.

Напомена и дека се формира Агенција за дигитализација чија задача ќе биде консолидирање на напорите за брза и ефикасна дигитална трансформација и ќе биде посветена на четирите столба односно: сајбер безбедност, ИТ инфраструктура, софтверски решенија, како и фокус на академскиот дел и потребните обуки.

ПредходнаНа протестот за Онкологија граѓаните побараа одговорност и оставка од тројцата последни министри за здравство
СледнаШто се случува во телото на мажот кој подолго време нема с*кс?