дома Свет Во Грција потврдени вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13...

Во Грција потврдени вкупно 100 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица

73

Во Грција досега се потврдени 100 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 11 се во изминатата седмица, а починаа 13 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот случај за 2023 година во Грција беше регистриран во средината на јули, а новите податоци се заклучно со вчерашниот ден.

Потврдените случаи се во северниот и централниот дел на земјата.

Од ЕОДИ во соопштението потсетуваат дека во тековното лето, до 30 август, освен во Грција, случаи на Западен Нил биле потврдени и во Северна Македонија, Србија, Италија, Франција, Романија, Унгарија, Германија и Шпанија.

Вирусот Западен Нил во Грција беше регистриран во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година.

Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.

– Реклама –

ПредходнаБесплатни културни настани и слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите
СледнаАгенцијата за управување со одземен имот продаде дел од конфискуваниот имот на Мијалков за „Империја“, собра 244 илјади евра