дома Популарно Вархеји го поддржа ставот на Мишел за 2030 година како година на...

Вархеји го поддржа ставот на Мишел за 2030 година како година на проширување на ЕУ

74





Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји го поддржа ставот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови земји-членки до 2030 година, што е спротивно на официјалната изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пишува порталот „Политико“.

Вархеји не се согласува со ставот на својот шеф дека не треба да има цел датум за проширување на ЕУ, со што се доведува во прашање внатрешното единство на извршното тело на Унијата во однос на оваа клучна тема, пишува бриселскиот портал.

„Од наша страна неуморно работевме на таа цел – па затоа сум многу среќен што конечно гледам дека земјите-членки исто така почнуваат да се движат и да се мобилизираат политички и подготвени да инвестираат политички за да има нови членки на ЕУ до 2030 година“, рече Вархеји за време на прес-конференцијата во Анкара со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Навраќајќи се на предлогот на Мишел дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки во 2030 година, Вархеји изјави дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до таа година.

– Реклама –








ПредходнаИзмените во КЗ се хармонизација со европското право
СледнаУсвоени измените на Кривичниот законик, нивната „оправданост“ предмет на дискусија во јавноста