дома Магазин АНТИДЕПРЕСИВНА ДИЕТА – намалете го стресот и нервозата, чувствувајте се позитивно и...

АНТИДЕПРЕСИВНА ДИЕТА – намалете го стресот и нервозата, чувствувајте се позитивно и расположено

74

Ако лошо сте расположени, прва помош побарајте во чинијата: земете авокадо, цитруси и мисиркино месо!

Како храната помага во состојба на анксиозност? Анксиозноста е делумно предизвикана од нерамнотежа на невротрансмитерите, објаснува д-р Али Милер, интегративен диететичар и автор на книгата за исхрана на луѓе кои патат од анксиозност Anti-Anxiety Diet.

Невротрансмитерите се супстанции кои пренесуваат импулси помеѓу мозокот и нервните клетки (во хормони се претвораат кога ќе навлезат во крвотокот) и за кои се верува дека имаат голема улога во регулацијата на расположението. Диетата која содржи хранливи материи од необработени намирници помага во воспоставувањето на рамнотежа кај невротрансмитерите и подобрување на работата на цревата.

Што треба да се јаде за добро расположение?

1.Мисиркино месо
Л-триптофан, аминокиселина која се наоѓа во мисиркиното месо овозможува смирување и релаксација, па многу помага во состојба на анксиозност.

Оваа аминокиселина му помага на ѕелото да произведе серотонин, невротрансмитер за смирување, кој го регулира спиењето. Триптофан има најмногу во храна богата со белковини, особено во мисиркиното месо, но и во јаткастите плодови, семките и гравот – вели нутриционистот Натали Роне.

2.Лосос

-Оваа заситена и сестрана риба е богата со омега 3 масни киселини, кои се есенцијални за работата на мозокот и нервниот систем. Се покажало дека консумацијата на овие масти го подобруваат расположението и го намалуваат ризикот од депресија – објаснува нутриционистката Синтија Сас.

3.Темно чоколадо

Темното или црно чоколадо има повеќе антиоксиданти од останатите видови чоколади.

-Антиоксидантите во темното чоколадо поттикнуваат опуштање на крвните садови, со што се подобрува циркулацијата и се намалува крвниот притисок – вели Синтија Сас.

Истражувањата покажуваат дека темното чоколадо им помогнало на луѓето кои патат од анксиозност или биле под стрес. Оние кои јаделе по 40 г темно чоколадо дневно во текот на две седмици, го намалиле нивото на хормонот на стрес – додава Сас.

4.Аспарагус
Аспарагусот има смирувачки ефект врз луѓето, бидејќи содржи многу материи чиј дефицит се поврзува со депресијата (станува збор за фолати).

Исто така, аспарагусот спаѓа во пребиотска храна, што значи дека се извор на храна за пробиотиците, за кои се смета дека позитивно влијаат врз расположението.

-Само една порција варен аспарагус содржи 70% од препорачаната дневна доза на фолати – објаснува Сас.

5.Цитруси
-Надбубрежните жлезди се најконцентрирано складиште на витамин Ц, кој се користи за регулација на кортизокот – вели Милер.

Истражувањата покажуваат дека додатокот од витамин Ц е поврзан со намален интензитет на анксиозност. Секако, секогаш е подобро да се земаат хранливи материи од храна, а не од суплементи.

-Додадете лимон, лимета или портокал во чајот или сокот, а цитрусите може да ги додавате и во салатите – советува Милер.

6.Брокула

Темнозелениот зеленчук како што е брокулата содржи магнезиум, смирувачки минерал кој му помага на човекот да се релаксира и уредно да му функционира метаболизмот.

Брокулата можете да ја сварите, да ја додавате во омлет, мусака или густа супа. Други извори на магнезиум се бадеми, сончогледови и сусамови семки.

7.Авокадо
Авокадото е полно со незаситени масти и антиоксиданти кои помагаат во оптимизација на циркулацијата, вели Сас, што придонесува за подобар проток на крвта во епицентарот на “загрижувачките” мисли: мозокот.

-Авокадото содржи 20 различни витамини и минерали, вклучително и клучни хранливи материи поврзани со расположението, како фолати, Б6 и калиум – додава Сас.

8.Овес
Исто како лиснатиот зеленчук, така и овесот содржи голема количина од смирувачкиот минерал магнезиумот.

-Половина шолја овес дава третина од препорачаната дневна доза магнезиум. Овесот е полн со хранливи материи и антиоксиданти кои на телото му даваат постојан и избалансиран извор на енергија – објаснува Сас.

– Реклама –

ПредходнаСпомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово ставена на туристичката мапа за задолжителни посети
СледнаЈапонија успешно лансира лунарен лендер