дома Свет Г20 ја осуди „употребата на сила“ за територијално освојување, но без да...

Г20 ја осуди „употребата на сила“ за територијално освојување, но без да ја спомне Русија

62





Лидерите на земјите-членки на Г20 денеска ја осудија „употребата на сила“ во Украина со цел територијално освојување, но експлицитно не ја споменаа Русија, се наведува во завршната декларацијата од Самитот во Индија.

„Кога има војна во Украина, во согласност со Повелбата на ОН, сите земји мора да се воздржат од прибегнување кон закани или употреба на сила за да се обидат да освојат одредени територии, на штета на територијалниот интегритет и политичкиот суверенитет на која било земја“, се наведува во декларацијата.

Но, во текстот не се споменува експлицитно руска „агресија“ во Украина, термин што беше користен во 2022 година за време на претходниот Самит на Г20 на Бали. Во декларацијата од Самитот на Бали беше наведено дека „најостро се осудува агресијата извршена врз Украина од страна на Руската Федерација“.

МИА

– Реклама –








ПредходнаБројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 1.037
Следна10 декари земја се неспособни да одржуваат, а народот ЕУ и подобар живот чека…