дома Магазин Маестралниот етно албум „Од колено на колено“ од Александар Јовевски пред македонската...

Маестралниот етно албум „Од колено на колено“ од Александар Јовевски пред македонската публика

59

Концертна промоција на албумот : „ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО” – 19.09.2023

Македонска Филхармонија – мала сала – почеток 20 часот

„Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет и е проект од национален интерес за РМ. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури.

На носачот на звук „Од колено на колено” се застапени обработки на стари македонски изворни, но и авторска музика, творена во духот на македонската традиција, но со нов музички израз по кој е препознатлив мултиинструменталистот, композитор, аранжер и автор Александар Јовевски.

Покрај тоа што е музички лидер на етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти во државата Александар Јовевски со овој нов проект „ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”, придонесува со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата но и надвор од неа, и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон.

На концертот ќе има специјални гости, а тоа се Етно составот Монистра , еден од најетаблираните етно групи во Македонија , амбасадор на македонската етно музика како во државата така и во светот и гудачки квартет.

-Повелете на 19-ти септември во Македонска Филхармонија со почеток во 20 часот заедно да уживаме во македонската музика создадена од виртуозот Александар Јовевски и ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО да си ја зачуваме македонската традиција и култура. Билети за концертот може да обезбедите онлајн преку продажната мрежа на Купи Карти За Се , вели Александар.

“Александров Танц” е неговата најнова композиција која е најава за концертната промоција на албумот.



ПредходнаМожеме да се справиме со климатските промени, ни требаат технологија и пари
СледнаСе заплеткаа сидрата на три траекти во близина на атинското пристаниште Рафина