На жителите на 35 села во централна Грција им беше кажано да бидат подготвени за евакуација, бидејќи водата продолжи да ја поплавува огромната Тесалиска рамнина каде тридневната бура со грмотевици донесе невидени количини вода во регионот.
Повеќе од 1.800 луѓе се спасени од подрачјата погодени од поплавите низ Грција од вторникот, соопшти противпожарната бригада.
Стотици Грци протестираа пред парламентот во Атина со барања властите да се ангажираат во откривање на луѓето кои исчезнаа без трага по поројните дождови и излеаните корита во областа Месенија.
На демонстрантите од поплавените Волос, Кардица и Лариса им се придружија и пратениците од опозицијата.
Демонстрантите истакнаа плакат на кој пишуваше: „Ги поплавивте низините, но нашиот гнев ќе ве удави“.
Тие апелираат до надлежните да помогнат во пронаоѓањето на исчезнатите.
До медиумите беше дистрибуирана изјава во која демонстрантите ги обвинија премиерот, владата и локалните власти – вклучително и гувернерите на окрузите и градоначалниците – дека не ја вклучиле програмата за превентивни акции против природни катастрофи и тоа е причината за жртвите.
Од надлежните нема реакција во врска со протестот.
Во поплавените региони оштетени се борбени хеликоптери Апачи, кои се наоѓаат во воена воздухопловна база во близина на градот Волос.
Ова ги поттикна пратениците на Сириза да побараат оставка од министерот за одбрана, бидејќи, како што велат, тој е одговорен за непреместувањето на хеликоптерите.