Северина го украде вниманието на изложбата на Ненад Совиља во Кловиќеви двори во Загреб, која собра многу познати Хрвати.
Севе за оваа пригода избра бела комбинација со топ во која ги истакна бруталните стомачни мускули, како и бујното деколте, а нејзините проѕирни мрежести панталони привлекоа најголемо внимание.
Таа во атрактивно издание спремно им позираше на фотографите, а на изложбата друштво и правеше поранешната манекенка Ива Радиќ.