дома Економија Вработените во печатницата што треба да ги печати учебниците два месеци не...

Вработените во печатницата што треба да ги печати учебниците два месеци не земале плата

71

Вработените во Печатница Напредок принт и Напредок 1 кои преку Просветно дело се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои што подолг временски период го печатат Службен весник веќе 2 месеци немаат добиено плата од страна на работодавачот (управителот), соопштија од ССМ.

„Со тоа се загрозува навременото печатење на учебниците како и на Службениот весник со што покрај тоа што се нанесува штета кон вработените со неисплаќањето на платите, ќе се нанесе штета и на образовниот процес како и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник.
Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80% од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно.

Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд.

Државните институции веднаш да преземат мерки за да не се доведе во прашање печатење на учебниците како и на Службениот весник поради тоа што работниците се спремни да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат ова егзистенцијално работничко право на плата и со тоа да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, а Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Синдикатот ССДМ при ССМ ќе застанат со работниците и ќе им ја дадат целосната поддршка во борбата за остварување на нивните права од работен однос.



ПредходнаАудиција за нови членови на Поточиња од 11 до 14 септември
СледнаСАД би можеле да доживеат нов 11 септември, но со нуклеарно оружје