дома Македонија Горди сме на српските кошаркари

Горди сме на српските кошаркари

74





Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Скопје се сретна со македонскиот кошаркар Перо Антиќ и порача дека и двајцата се горди на српските кошаркари кои го освоија сребрениот медал на Светското првенство и обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз во 2024 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ изјави дека Антиќ му подарил патики „Србија1“ и објави видео од нивната средба.

„Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики ‘Србија 1’. Инаку и двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз“, напиша Вучиќ на својот инстаграм.

Српскиот претседател учествува денес на самитот Брдо-Бриони во Скопје.

МИА

– Реклама –








ПредходнаЕвропа во повеќе брзини не е формален предлог, нема причина за загриженост
СледнаПред нас е усогласување на ставот на политичките партии за уставните измени