дома Економија САД и Саудиска Арабија договараат соработкаво набавката на метали во Африка

САД и Саудиска Арабија договараат соработкаво набавката на метали во Африка

72

Соединетите држави и Саудиска Арабија преговараат за набавка на метали во Африка кои им се неопходни за енергетската транзиција, објави во неделата весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на упатени извори.

Саудиската државна компанија за 15 милијарди долари ќе купи удели во рударски компании во африканските држави, како што се Демократска Република Конго, Гвинеа и Намибија, и ќе овозможи влез за американските компании во сопственичката структура, пишува WSJ.

Сличен аранжман во јули договориле „Saudi Arabian Mining“ (Ma’aden) и државниот Саудиски фонд за јавни инвестиции, купувајќи 10 отсто удел во бразилската компанија за рударство и обработка на метали „Vale“, следени од американската инвастициска компанија „Engine No.1“ која стана сопственик на удел од 3 отсто.

Саудискиот фонд во јуни му упатил на ДР Конго писмо за можни вложувања во кобалтот, бакарот и танталот преки компанијата „Manra Minerals“ која ја основаше заедно со „Ma’aden“. „Manra Minerals“ се фокусира и на железната руда, никелот и литиумот.

Според соговорниците на WSJ, Белата куќа бара финансиска поддршка и од другите државни фондови во регионот на Блискиот исток, но преговорите со Саудиска Арабија најмногу напредувале.

Ниту владата на Саудиска Арабија, ниту Белата куќа одговориле на барањето на агенцијата Reuters да го коментираат извештајот на The Wall Street Journal.



ПредходнаЗагина момче откако се превртел тракторот што го возел
СледнаСпецијалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Сарацин во Скопје со средби со власта и опозицијата