дома Свет Данска ќе ѝ даде на Украина дополнителни 777 милиони евра

Данска ќе ѝ даде на Украина дополнителни 777 милиони евра

68





Данска ќе ѝ даде на Украина дополнителни 5.8 милијарди круни (777 милиони евра), главно наменети за финансирање на опрема за противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

„Со цел Украина да продолжи да се брани од илегалната инвазија на Русија, од суштинско значење е земјите како Данска да ја задржат својата воена и економска поддршка… Ова го правиме денес со најголемиот финансиски придонес на Данска досега“, изјави министерот за одбрана Трелс Лунд Поулсен.

Донацијата, што се однесува на период од три години, е 12-та од Данска и опфаќа тенкови, борбени возила на пешадија, тенковска муниција и противавионски топови.

МИА

– Реклама –








ПредходнаЗа 12 години членство во ЕУ Хрватска е во плус 12 милијарди евра
СледнаРано е да се говори за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во новата Влада нема да влеземе по секоја цена