дома Македонија Министерот Османи во посета на Брисел

Министерот Османи во посета на Брисел

73





Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Покрај со Столтенберг, министерот Османи ќе се сретне и со политичките советници во Кабинетот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Симон Мордју и Маја Коцијанчич.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, шефот на дипломатијата ќе има и брифинг во Центарот за европска политика на тема „Северна Македонија и ЕУ: Движење кон поголема интеграција”.

Министерот Османи ќе има воведено обраќање на брифингот, по што ќе следува размена на мислења со присутните гости.

Работната посета на Брисел, Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на земјава во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на земјава во Белгија.

Извор: МИА

– Реклама –








ПредходнаНепријатна и тешка миризба се шири низ Прилеп, инспекторатот истражува, уште нема одговори
СледнаЗуди Енузи Кока, братот на Цуфи Кока, назначен за нов директор на АД МЕПСО