дома Македонија Овој е последниот моментум пред на луѓето да престане да им биде...

Овој е последниот моментум пред на луѓето да престане да им биде грижа што ЕУ мисли или прави

70

„Мислам дека овој е последниот моментум што треба да го фатиме, бидејќи се плашам дека луѓето на Западен Балкан ќе престанат да се грижат за тоа што Европската Унија, мисли, вели или прави“, порача вицепремиерот Бојан Маричиќ на панел диксусијата во Атина за ЕУ перспективата на Западен Балкан.

Маричиќ истакна дека ЕУ членството во 2030 година е реална цел, но треба да биде и мотивација.

Маричиќ, меѓу другото, потсети дека Западен Балкан е опкружен со земји членки на ЕУ и подвлече дека земјите од регионов кои бараат членство не само што не се далечни земји, туку и заедно имаат популација од 18 милиони, што не го надминува бројот на жители на Романија, на пример.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Маричиќ потсетил и на 2017 година, кога за првпат заедно со тогаш премиерот Зоран Заев биле во посета на Брисел и ги слушнале пораките дека „сега е моментумот за решавање на проблемот со името“, како и за почеток на преговорите, но и за реформите кои во следните години, како што рече Маричиќ,  беа спроведени. Но потоа, потенцираше тој, следеше ново одложување кое, како што оцени тој, „уби голем дел од ентузијазмот на луѓето во земјата“.

„Тоа беше моментот кога се отвори вратата за некои земји- членки да го убијат моментумот и да отворат билатерални прашања. Знаете во Северна Македонија колку падна јавната поддршка за ЕУ од крајот на 2019 година, односно почетокот на 2020 година до лани? Околу 20 проценти. Од 80 на 60 отсто. Затоа, мислам дека сега е последниот моментум што треба да го фатиме, бидејќи се плашам дека луѓето на Западен Балкан ќе престанат да се грижат за тоа што Европската Унија, мисли, вели или прави“, истакна Маричиќ.

На регионот му е потребен конкретен датум и реален план, подвлече тој, а 2030 година ја посочи како реална цел, со оглед дека ЕУ веќе има искуство со големо проширување.

Патот кон ЕУ, додаде, треба да биде мотивација, а во 2030 година да има двојна успешна приказна.

„Успешна приказна за Западен Балкан, дека конечно ја завршивме нашата транзиција и успешна приказна за Европската Унија, дека Европската Унија е проширена со овие земји членки“, рече Маричиќ.

Извор: МИА

– Реклама –

ПредходнаШокантно е што „Еуровиа“, по тендерот од МНР, сега е и главен подизведувач за Коридорот 8 на „Бехтел и Енка“
СледнаНе може да ги оставиме нашите сограѓани Европејци на страна, да ја комплетираме Унијата со 30+ членки