дома Свет Обвинителството на БиХ предложи на Додик да му се забрани вршење на...

Обвинителството на БиХ предложи на Додик да му се забрани вршење на должноста претседател на РС

66





Во обвинението против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и вршителот на должноста директор на Службениот гласник на Република Српска, Милош Лукиќ, Обвинителството на Босна и Херцеговина предложи тие да добијат забрана за вршење на функцијата во период од десет години, пренeсе Бета.

„На осомничените треба да им се изрече забрана за вршење на функцијата, и тоа на осомничениот Милорад Додик, престанок на функцијата претседател на Република Српска, а на осомничениот Милош Лукиќ престанок на функцијата директор на Јавната установа, Службен весник на Република Српска за период од десет години“, се наведува во предлогот поднесен од Обвинителството на Босна и Херцеговина испратен до Судот на Босна и Херцеговина.

Во понеделникот, на 11 септември, Судот на Босна и Херцеговина го потврди обвинението против Милорад Додик и Милош Лукиќ, кои се товарат за кривично дело неизвршување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

МИА

– Реклама –








ПредходнаДонесувањето на законски измени без транспарентен процес е спротивно на европските стандарди
СледнаОграбени три канцеларии на граѓански здруженија во Велес