Американскиот технолошки гигант „Apple“ мора да ја запре продажбата на паметниот телефон iPhone 12 во Франција, бидејќи нивото на радијација го надминува пропишаниот плафон, изјави државниот секретар за дигитална економија Жан-Ноел Баро во интервју за Le Parisien.
Францускиот регулатор ANFR го информирал „Apple“ дека одлучил да ја забрани продажбата на моделот iPhone 12, откако тестовите покажаа дека неговата стапка на апсорпција (SAR) е малку над законскиот плафон, рече Баро во интервју за париски днеен весник објавено во вторник.
Од „Apple “не одговориле веднаш на барањето на Reuters за коментар на информациите.
За да се реши проблемот, доволно е да се ажурира софтверот, додаva францускиот функционер.
„Се очекува Apple да одговори во рок од две недели, а ако не го сторат тоа, јас сум подготвен да нарачам повлекување на сите iPhone 12 во оптек. Правилото е исто за сите, вклучувајќи ги и дигиталните гиганти“, истакнува Баро.
Европската унија постави плафон за SAR, поврзан со изложеноста на мобилни телефони што може да го зголеми ризикот од некои форми на рак, покажуваат научните истражувања.
Францускиот ANFR ќе ги проследи резултатите од тестот до регулаторите во другите земји-членки на ЕУ.
„Во практична смисла, одлуката може да има ефект на снежни топки“, рече Баро.
Во 2020 година, Франција ги измени регулативите кои бараат од трговците на мало да го прикажуваат нивото на радијација на производите на мобилните телефони, таблетите и другите електронски уреди на нивните пакети.