дома Свет Крим е одлучувачки за мирот

Крим е одлучувачки за мирот

65





Ролф Моват-Ларсен, со 23-годишна кариера во ЦИА и како поранешен директор на Европската дивизија, кој престојува во Тирана на покана од „Трансатлантскиот безбедносен центар“ направи детална анализа на досегашната војна во Украина, јави Топ чанел.

„Војната во Украина ни покажа дека ние во Соединетите американски држави не сме го запознале доволно Владимир Путин и Русија, по крајот на Студената војна. Ова прави да се чувствуваме засрамени. Ние ја игнориравме Русија по падот на комунизмот, не ставајќи ја како приоритет. Постои опасност нуклеарното оружје да биде употребено во оваа војна“, рекол тој.

Додал дека „Соработниците на Путин изјавиле дека доколку е потребно ќе го користат нуклеарното оружје“.

„Ова оружје Путин ќе го искористи ако почувствува опасност да ја загуби војната. Ова може да се случи дури и ако украинските сили успеат да ја вратат контролата врз Крим. Украина сега е во офанзива, а Русија се враќа во дефанзива“, оценил Ларсен.

Зборувајќи за тоа кога може да заврши оваа војна, Ларсен рекол дека „доколку Владимир Путин добие гаранција да го задржи Крим, од што Украина не се откажува, тој ќе започне мировни преговори“.

МИА

– Реклама –








ПредходнаНема да се издава нова еврообврзница, ќе се бара заем од Светска банка
СледнаУжас – младо момче силувало 81-годишна старица