дома Магазин Принцезата Марта Луиз го одреди датумот на венчавката со „шаманот“

Принцезата Марта Луиз го одреди датумот на венчавката со „шаманот“

58

Норвешката принцеза Марта Луиз следното лето ќе се омажи за својот американски партнер, самопрогласениот шаман Дурек Верет, објави двојката.

Кралот Харалд V ѝ честиташе на двојката, велејќи дека е среќен што ќе му посака добредојде на г-дин Верет во неговото семејство.

Принцезата минатата година се повлече од своите кралски должности за да го води бизнисот со алтернативна медицина што го дели со нејзиниот вереник.

Верет е познат по промовирање на неосновани медицински практики. Тој сугерира дека ракот е избор и продаваше медалјони преку интернет кои наводно штитат од ковид-19, додека принцезата Марта Луиз тврдеше дека може да комуницира со ангели.

Тие ја објавија својата свршувачка во јуни 2022 година и го добија кралскиот благослов.

„Возбудени сме што Дурек Верет му се придружи на семејството и со нетрпение очекуваме да го прославиме големиот ден со нив. Им посакуваме сѐ најдобро на Марта и Дурек“, се вели во соопштението на кралот и кралицата на Норвешка објавено во средата.

Свадбата ќе се одржи во живописниот норвешки град Гејрангер, на брегот на фјорд кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, на 31. август 2024 година, напиша 51=годишната Марта Луиз на Instagram во средата.

Верет ќе се пресели во Норвешка и ќе му се придружи на кралското семејство без никаква титула, објави норвешката државна телевизија NRК.

Холивудскиот гуру, кој се опишува себеси како „шаман од шестата генерација“, тврди дека воскреснал од мртвите и ги предвидел нападите од 11. септември 2001-та во САД две години пред да се случат.

Верет, кој е Афроамериканец, призна дека неговите верувања можеби се непријатни за некои и тврди дека критиките со кои се соочува се резултат на расизам.

Марта Луиз во ноември минатата година изјави дека повеќе нема да извршува службени должности за норвешкото кралско семејство до понатамошно известување. Одлуката дојде откако принцезата неколку пати беше критикувана за мешање на комерцијални интереси со нејзината официјална титула.

Таа со децении предизвикува контроверзии во Норвешка поради нејзината вклученост во алтернативно лекување, вклучително и отворање училиште кое имало за цел да им помогне на луѓето „да стапат во контакт со нивните ангели“.

Принцезата претходно беше во брак со писателот Ари Бен. Тие се разведоа во 2017 година, а Бен – кој рече дека страда од депресија – изврши самоубиство на Божик 2019 година. Сестрата на норвешкиот престолонаследник Хаакон има три ќерки од првиот брак.



ПредходнаЕвропратениците предлагаат кривично гонење на корисниците на сексуални услуги
СледнаNASA ќе го објави долгоочекуваниот извештај за НЛО