дома Црна хроника ВИДЕО I Царината заплени минибус со специјални бункери за криење стока

ВИДЕО I Царината заплени минибус со специјални бункери за криење стока

64

Специјални бункери во вентилацискиот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана – Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат истите, биле покриени со тапацир.

Царински инспектори го откриле минибусот на влез на граничниот премин Табановце.

„По поднесена пријава до надлежниот суд, донесена е одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон.

Ова е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока“, соопшти Царинската управа.



ПредходнаПриведен криумчар од Виница, пронајдени 20 мигранти
СледнаВо Кривичниот суд продолжи судењето за Ласкарци