дома Економија Ќе има затворање на маркети, ако не поевтинат, порача Бектеши

Ќе има затворање на маркети, ако не поевтинат, порача Бектеши

67

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска објави дека се сретнал со претставниците на најголемите осум ланци на маркети и дека тие ја прифатиле неговата најава дека од вторник со одлука на Влада ќе има замрзнување на цените на одредени производи.

При тоа, министерот рече дека мерки за зауздување на инфлацијата нема да има само за трговците, туку и за дистрибутерите и за производителите.

– Моментално Министерството за економија работи на дополнителни мерки кои ќе се однесуваат на дистрибутерите и производителите. Најверојатно утре треба со нив да се сретнам, рече Бектеши денеска пред медиумите.

Очекува производите, кои ќе бидат објавени во вторник на редовна владина седница, да поевтинат за 10 отсто од среда. Станува збор за 50 основни производи, а референтнатаите цени за намалување ќе бидат, како што рече тој, некои од претходните месеци кога било поевтино за граѓаните.

Бектеши додаде дека неговото министерство ќе направи и измени во Законот за пазарен инспекторат со кои ќе се зголемат ингеренциите на инспекторите и ќе се намали времето за нивно постапување, а ќе може и да се затвораат маркетите ако не ги почитуваат највисоките дозволени цени.

– До крајот на следната недела ќе го имаме и новото законско решение за нефер трговски практики каде што ќе се укинат речиси 20 отсто давачки во ланецот за трговија – од производство до малопродажба, со што дополнително ќе се намали цената, најави министерот.



ПредходнаПретрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, притвор за дилерот
СледнаЕК изрази загриженост дека некои од измените на Кривичниот законик носат ризик на намалување на неказнивоста