дома Магазин NASA ќе го објави долгоочекуваниот извештај за НЛО

NASA ќе го објави долгоочекуваниот извештај за НЛО

69

Американската Национална агенција за вселенски истражувања (NASA) во четврток ќе ги објави резултатите од долгоочекуваната студија за неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Минатата година NASA објави дека ги разгледува доказите за т.н неидентификувани воздушни феномени кои го заменија претходниот термин „НЛО“ во официјалната терминологија. Темата долго време ја фасцинираше јавноста, но беше избегнувана од мејнстрим науката.

Независен тим од 16 истражувачи ги споделија своите прелиминарни набљудувања во мај и заклучија дека постојните податоци и извештаите на очевидците не се доволни за да се извлечат цврсти заклучоци, истовремено повикувајќи на посистематско собирање на висококвалитетни податоци.

Денешниот извештај веројатно нема да го промени тој заклучок, но агенцијата би можела да започне нова задача.

Додека сондите и роверите на NASA го пребаруваат Сончевиот систем за какви било фосили од древни микроби, а нејзините астрономи бараат знаци на интелигентни цивилизации на далечни планети, агенцијата традиционално ги „открива“ наводните знаци на НЛО на Земјата.

За 27 години се забележани повеќе од 800 „настани“, од кои два до пет проценти се сметаат за можни аномалии, изјавија авторите на извештајот во мај. Тие се дефинирани како „сè што не е лесно разбирливо од операторот или сензорот“ или „нешто што прави нешто чудно“, рече членот на тимот Надија Дрејк.

Американската влада почна посериозно да го сфаќа прашањето за НЛО последниве години, делумно поради загриженоста дека тие се поврзани со странска шпионажа.

Работата на NASA, која се потпира на некласифициран материјал, е одвоена од истрагата на Пентагон, иако двете агенции се координираат во примената на научни алатки и методи.

Во јули, поранешен службеник на американското разузнавање се најде на насловните страници кога пред конгресната комисија изјави дека „апсолутно“ верува дека владата поседува неидентификувани феномени, како и останките на нивните вонземски контролори.

„Моето сведочење се заснова на информации што ми ги дадоа поединци со долго искуство, од кои многумина споделија и убедливи докази во форма на фотографии, официјални документи и доверливи усни сведоштва“, им рече Дејвид Груш на конгресмените.

На почетокот на оваа недела, наводните тела на две „нечовечки“ суштества беа претставени за време на конгресното сослушување во Мексико, што предизвика мешавина од изненадување, неверување и потсмев на социјалните мрежи.

Наводните мумифицирани останки, кои имаа сивкаста боја и облик на тело слична на онаа на човекот, ги донел Хаиме Маусан, контроверзен мексикански новинар и истражувач кој пријавил дека ги нашол во Перу во 2017 година.

 



ПредходнаПринцезата Марта Луиз го одреди датумот на венчавката со „шаманот“
СледнаНамалувањето од минимум 10% нема да биде во однос на август или септември, туку од месеците со пристојни цени