Овој викенд за првпат ќе се одржи фестивалот „Пет Фест Скопје“ со намера овој настан да стане традиционално најголем настан за миленици во регионот. На 17.09 ( недела) со почеток во 11:00, на летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градски Парк не очекува 12часовна програма со забавни и едукативни содржини за деца, возрасни и крзнените пријатели.
Свое воведно обраќање на настанот ќе има доктор Димче Велковски од Ветеринарен Центар,, МВР единица за службени кучиња К9- показни вежби , а потоа следуваат модерни танци за деца, танцување со маскоти кучиња Груминг академија Скопје, претставување на егзотични инсекти и птици грабливки, Македонско еколошко друштво со документарен филм за дивиот свет, спасувачки приказни од Скопје ЗОО, едукација за стерилизација и кастрација на мачки, сведоштва од семејства за вдомени миленици, детско катче со Бибиверзум и многу други забавно-едукативни содржини кои завршуваат со кино проекција на македонскиот филм „Стела“ и Дј Соња Исмаил.
На фестивалот ќе има и подароци за крзнените другарчиња од нашите поддржувачи, како и бесплатен груминг, совети и едукација за сите сопственици и потенцијални сопственици на миленик. Влезот е бесплатен за сите посетители, а целта на „Скопје Пет Фест“ е да се подигне јавната свест за чување на миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво.