дома Економија ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува...

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денескa изнесува 109,71  евра за мегават час, на МЕМО 118,73  евра за мегават час, цената на гасот со благ раст

64

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 15 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува  109,71  евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 118,73 евра/mwh

Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 90,45 евра за мегават час, а на MEMO 103,34 евра.

Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 36,89 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 34,80 евра.

Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.

Информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.

Важна напомена: Податоците од МЕМО се со почетен датум од 10 мај 2023 година,

а податоците за TTF Dutch Day-Ahead производот се презентирани почнувајќи од 1 јули 2023 година.

 



ПредходнаМладинско кино на ЕУ: Green Deal
СледнаБогата програма на првиот Пет Фест Скопје