дома Црна хроника Приведени три лица кои му се заканувале на градоначалникот на Гази Баба

Приведени три лица кои му се заканувале на градоначалникот на Гази Баба

66

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М., Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба.

Тој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково.

Веднаш по добиената пријава, преземени се неопходните мерки и активности и денеска сторителите се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје по брза постапка за кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 ст.4 од КЗ.



ПредходнаОтворени сме за мировни преговори
СледнаНа гласањето во Парламентот не гледам како гласање за амандмани на Уставот, туку за продолжување на европската интеграција