Provereno

nie znaeme…

Кривична пријава за обид за убиство, приведен маж од Арачиново


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера го лишиле од слобода 33-годишниот Ф.А. од скопско Арачиново поради основано сомнение дека на 11-ти септември годинава околу 2 часот по полноќ во Скопје, на подрачјето на населбата Аеродром, ги нападнал со остар предмет В.С.  на 30 и М.Н. на 38 години, и двајцата од Скопје, и им нанел повреди.„

„Денеска од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка против Ф.А. за сторено кривично дело ‘убиство во обид’, по член 123 в.в. 19 и „насилство“ по член 386 од КЗ, и во текот на денот тој ќе изнесен пред Судија на претходна постапка“, соопштија денеска од МВР.



Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *