дома Економија Експертите со резерви дека рекордната каматна стапка на ECB ќе ја намали...

Експертите со резерви дека рекордната каматна стапка на ECB ќе ја намали инфлацијата

66

Претседателката на Европската централна банка (ECB) во четвртокот, по најавата за зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на рекордни четири отсто, изјави дека не може од сега да ги прогнозира следните чекори на Банката, имајќи предвид дека еврозоната минува низ долг период на „многу бавен раст“ и покрај „увереноста“ дека растот ќе се засили следната година.

„Не можеме да кажеме ништо сега кога сме на високи вредности“, додаде Лагард, посочувајќи дека ажурираните прогнози на ECB предвидуваат просечна инфлација во 2025 година од над два отсто.

Овој десетти по ред раст на каматната стапка, ECB го правда со напорите за справување со инфлаторниот бран, нагласувајќи дека ваквото ниво на каматата ќе помогне инфлацијата да се врати во целните рамки од два отсто.

Според извори во Банката, ова „мало покачување“ на стапката многу веројатно ќе биде и последно, но некои аналитичари не се убедени дека ова е крајот на циклусот на растот на основната камата на ECB.

Европската центѕрална банка соопшти дека еден нејзин вработен е заразен со новиот коронавирус и тој сега ја добива неопходната медицинска нега.

Економистот на Deutsche Bank, Марк Вал, смета дека и покрај сигналите дека ова е последно покачување, нема гаранција дека тоа навистина ќе биде така, имајќи пред вид дека инфлацијата се уште „не е победена“.

Според него, ваквите резерви се резултат на неодамнешниот нов раст на цената на нафтата, која во четвртокот достигна највисоко ниво во последниве 10 месеци од над 93 долари за барел.

Експертите сметаат дека колку подолго трае високата стапка на инфлацијата, толку поголема е веројатноста дека граѓаните ќе бараат повисоки плати, а компаниите зголемени цени.

Ревидираната прогноза на ECB е дека инфлацијата на крајот на годинава ќе биде 5,1 отсто, следната година 2,9, а во 2025 година 2,2 проценти.

Годишната инфлација во Зимбабве во мај се зголеми на 785,55 проценти, соопшти Националната агенција за статистика на ова аафриканска земја.

Дополнително, сигналите за „последно покачување на каматната стапка во тековниот циклус“ не влијаеја на финансиските пазари, што заедно со податоците за подобрени економски перформанси во САД, резултираше со пад на вредноста на еврото на 1,0655 долари, што е негово најниско ниво во последните четири месеци, како и со намалување на приходите од референтните државни обврзници за 0,11 отсто.

Според економист од Институтот за меѓународни финансии, Робин Брукс, со ваквото однесување финансиските пазари и порачуваат на ECB дека е премногу ригидна и дека нејзините зголемувања на каматите се контрапродуктивни.

Претходните зголемувања на каматната стапка на ECB го активираа алармот во неколку европски земји, а владите во Рим и Мадрид уште во текот на летото се изјаснија против натамошните зголемувања на каматата.

Најновиот раст на каматната стапка уследи по ревидираните прогнози за раст на економијата во eврозоната за оваа година од 0,7 отсто, за разлика од јунските предвидувања за зголемување од 0,9 проценти, како и со ревизија на прогнозите за економскиот раст за следната година од 1,5 на еден отсто и за 2025 од 1,6 на 1,5 проценти. Ваквите ревидирани прогнози се образложени со очекувањата за намалување на домашната побарувачка и слабеењето на меѓународната трговска клима.

Овие предвидувања и неодамнешните податоци за економски раст во eврозоната во вториот квартал од само 0,1 отсто, се должат на слабоста во Германија, која западна во рецесија на почетокот на годината како последица на индустриското забавување, високите трошоци за енергија и намалениот извоз кон клучните партнери, како Кина, и која се уште се бори „да застане на нозе“.

Сепак експертите посочуваат дека и покрај растот на трошоците за задолжување кое почна од минатата година, инфлацијата се покажа како „неверојатно тврдоглава“, задржувајќи се на 5,3 проценти минатиот месец.

Растот на цените забави, особено поради намалените трошоците за енергија, но официјалните лица сега се загрижени дека инфлаторниот притисок го одржуваат други фактори, а пред се зголемувањето на платите.

Во вакви услови во eврозоната, за следната недела се закажани заседанија на раководните тела на американската Управа на федералните резерви (Federal Reserve – Fed) и на британската централна Bank of England (BoE), на кои треба да донесат одлуки околу нивните каматни стапки, што може индиректно да се одрази врз состојбите во ЕУ.



ПредходнаДневен хороскоп за сабота, 16-ти септември 2023-та
СледнаВо акциска контрола во Битола во локали по полноќ затекнати 50 малолетници, 18 од нив консумирале алкохол