дома Економија Намалени приносите на сончоглед во кумановско поради климатските промени

Намалени приносите на сончоглед во кумановско поради климатските промени

59

Производителите на сончоглед од кумановско Романовце се жалат дека климатските промени го намалиле производството на сончоглед во регионот. Високите температури и недостигот на дожд го намалиле приносот годинава, велат земјоделеците.

– Оваа година беше катастрофална, високи температури над 40 степени. Не врнеше дожд навреме, немаше дожд очекуваме 600 до 800 килограми по хектар, значи околу три и пол тона. Секоја година се намалува сончогледот оваа година дали петмина жители имаме насадено над 1.000 и нешто хектари земјиштето. Дел од производителите се префрлија на житарици. И за наредната година не знам многу ниви ќе останат празни, ќе бидеме граѓани во село, изјави Среќко Николовски, земјоделец од село Романовце.

Според податоците на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Куманово, годинава засеани се 850 хектари со сончоглед, од кои 800-тини од индивидуалните земјоделци, а 50 од претпријатијата.

– Површините со сончоглед во Куманово имаат тренд на зголемување, од 700 во 2020 година на 850 хектари во 2023 година, велат од МЗШВ.

Според податоците од Министерството, нема значително намалување на просечниот принос, во последниве три години, во 2020 изнесувало, 1.6, 2021 година било- 1, 8 , годинава изнесува 1, 6 тони по хектар.

– Според нашите информации од Сектор за анализа, годинешната откупната цена што се нуди за овогодишниот род е во корелација со цената на светските берзи како и на берзите во регионот-(Србија), каде моментално цена за килограм сончоглед за изминатата недела се движи од 39,20 до 40,00 дин/кг без ДДВ-а. (или во денари од 20.59 до 21.00 денари за килограм), велат од МЗШВ.

Од ресорното Министерство потсетуваат дека производителите на сончоглед добиваат субвенции преку директни плаќања по обработлива земјоделска површина каде висината на директните плаќања за сончоглед изнесува 6.000 денари по хектар, дополнителни директни плаќања во износ од 4.500 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар (35.000 број на семиња) и дополнителни директни плаќања во износ од 6.000 денари по хектар за земјоделски стопанства кои оствареното производство на сончоглед го имаат продадено во преработувачки капацитети вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Основен критериум кој треба да го исполнат земјоделците е да имаат минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 хектари во производната 2022/2023 година, која пак се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100 проценти, од 50 ха до 100 ха 60 проценти и над 100 ха 30 проценти збирно за сите култури.



ПредходнаПолски дипломати во Африка, Азија и Блискиот Исток земале мито за да издаваат шенген визи
СледнаSpringfield Kids – нов и ултра сладок член на Fashion Group семејството!