дома Македонија Поддржувам протести, но случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребува

Поддржувам протести, но случајот со Клиниката за онкологија се злоупотребува

56

„Луѓето да протестираат, тоа е загарантирано со Уставот на Република Северна Македонија. Јас лично како човек и како министер, мислам дека тоа е најдемократски чин и секој има право да протестира. И јас ги поддржувам ваквите протести. Но, тоа што сакам да напоменам, секогаш, гледаме со случајот ‘Онкологија’ дека се злоупотребува. Апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести“, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Меџити на прашање по брифингот со новинарите дали на Онкологија и на други клиники имало злоупотреби поврзани со пациенти кои доаѓале од други држави, тој рече дека во моментов не би сакал и нема да сподели информации во интерес на процесот што се води од Обвинителството.

„Затоа сè што Обвинителството ќе донесе одлука на крај, тоа ќе биде јавно за сите. Пациентите кои се обратиле до Министерството за здравство и до мене лично, ние сме им ја кажале точната адреса, да одат во Обвинителство. И Обвинителството транаспарентно работи, многу отворено со пациенти, нивни семејства, со сите кои имаат точна информација. Значи информациите одат до истражните таму што се обвинители. И на крај, кога ќе има конечна одлука, транспарентно, очекуваме што побрзо на оваа неизвесност да се стави крај и да излезат и тука“, одговори Меџити.

Според него, во прашање е и образот на здравствените работници.

Министерот Меџити рече дека се прави попис за сите апарати кои се донирани а не се користат во здравството.

„Во врска со акцелераторите, од прв ден кажав и пратив службите што се надлежни за оваа програма, каде има донација скапа што е платена и што не се искористува од страна на здравствените работници, да има еден попис и точно да се знае каде, што имаме и дали има кадар, или да дисперзираме, или тие апарати да се носат во друга установа, каде ќе бидат корисни“, рече Меџити.

За ацелераторот на Онкологија, вели дека не знае зошто не се користел.

„Да имаше нов акцелератор со таква финансиска сума и да стои под прашина седум години да не се стави во употреба, не би можел да кажам зошто е тоа така направено. Таму има четири акцелератори, два веќе се при крај со работењето и едниот од нив што е најстар, да може да се смени, но ние од утре веќе почнуваме да го демонтираме тој апарат и ќе треба, тој апарат седел седум години и за да се стави во функција. Нормално дека треба од таа компанија што има лиценца за тој апарат, да се сервисира и тоа сервисирање ние веќе од пред три месеци, знаеме дека изнесува многу голема сума финансиска“, рече Меџити.

Како што кажа, според раководителите на Клиниката за онкологија, четири акцелератори ја покриваат потребата на пациентите.

Меџити рече дека исто така се работи и во други центри.

„Клиничка болница Битола, таму има апарат, има еден дел од кадарот, треба уште малку да се доекипира тој кадар, за да можеме и тој апарат да го ставиме во функција“, рече министерот.

За ацелераторот во Штип рече дека таму треба прво да се направи инфрастрктура.

„Замислете, таму е набавен ацелератор, а нема инфраструктура. Во 2024 година, тој апарат ќе го ставиме во функција со новиот буџет на Република Северна Македонија“, најави Меџити.

МИА

– Реклама –

ПредходнаКалифорнија ги тужи нафтените компании како главни виновници за климатските промени
СледнаНа многу Германци не им е јасна поддршката за Украина