дома Македонија Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Македонски Телеком во фамилијарна...

Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Македонски Телеком во фамилијарна фирма

75

„Македонски Телеком, фирма во која дел од сопственоста има и државата, стана дувло на непотизам. Димитар Ковачевски и СДС мислат само како да ги наградат и унапредат луѓето блиски до нив на грбот на граѓаните“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Љушев, кој важи за близок до Димитар Ковачевски, тврдат, како директор на Македонски Телеком најпрво си ја вработува својата сопруга Наташа Љушева во 2020 година во Телеком, за сега да ја унапреди во главен менаџер за секторот дигитализација.

„Сопругот Љушев извршен директор, сопругата Љушева во првите 10 менаџери во Телеком. Класичен непотизам.

Фамилијата Љушеви не беа задоволни со директорската плата од над 11.500 евра месечно, сега ќе си земат уште неколку илјади евра месечно на својата сметка од менаџерската функција на сопругата, додека граѓаните не можат да го поминат месецот ни со две просечни плати“, велат од опозицијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека овој случај не е единствен во Македонски Телеком.

„Сите блиски соработници од времето кога беше Ковачевски директор изминатите години си ги вработија своите сопруги.

Главниот директор за финансии, Славко Пројкоски си ја вработил својата сопруга Гордана Пројкоска, додека пак главниот комерцијален директор за приватни корисници Бранко Станчев, си ја вработил сопругата Драгана Станчева“, се вели во партиското соопштение.

Од партијата ги повикуваат надлежните институции да ги проверат овие случаи и да покренат постапка.

„Jасно е дека сè што е поврзано со СДС не е далеку од непотизам, корупција, криминал. Сето ова не е подалеку ниту од скандалот Паразити, серијата прес конференции за луѓе од СДС на позиции. Не е тајна блискоста на Љушев со Ковачевски, не е толку далеку и скандалот со претходното унапредување на сопругата, што е слика само за една атмосфера на неказнивост, самоволие и би рекол неморал“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на денешната прес конференција во однос на случувањата во Македонски Телеком.

– Реклама –

ПредходнаСредба на Пендаровски со Шолц во Њујорк
СледнаПендаровски останува најголема политичка алапача, никој од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ не барал ништо од него