дома Магазин Над 10 отсто од Јапонците се постари од 80 години

Над 10 отсто од Јапонците се постари од 80 години

64
YOSHIKAZU TSUNO/AFP/Getty Images)

Повеќе од десет проценти од Јапонците се постари од 80 години, статистика до која се дојде за првпат Владата на Јапонија, земјата што се бори против стареењето на населението.

Јапонската Влада ги објави овие податоци пред празникот посветен на „старите лица“ (над 65 години).

Меѓу другите објавени податоци, 29,1 отсто од Јапонците имаат 65 години, што е зголемување во однос на минатата година (29 отсто).

-Јапонија има најголем процент на стари лица во светот, соопшти надлежното mинистерство, посочувајќи дека другите две земји со висок процент на стари лица се Италија (25,5 отсто) и Финска (23,6 отсто).

Јапонското население се намалува и старее со децении, бидејќи младите го одложуваат бракот и раѓањето деца во најголем дел поради несигурните работни места и економските тешкотии. Од 124 милиони жители, Јапонија има 12,59 милиони луѓе на возраст над 80 години (10,1 отсто) и 20 милиони на возраст над 75 години (16,1 отсто).



ПредходнаНеделава ќе се одржи 48. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
СледнаМаж од Швајцарија приведен во Прилеп