дома Економија Нова цена на горивата од полноќ

Нова цена на горивата од полноќ

71

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,99%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 86,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,964 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 15.09.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,268 ден/кг.

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 90,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 92,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 87,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 48,268 (денари/килограм).

 



ПредходнаСо бамбуси и егзотични треви разубавено живеалиштето на тигарот во ЗОО Скопје
СледнаВо Прилеп епидемиолошката состојба е стабилна, но не треба да се потцени коронавирусот