дома Магазин Со бамбуси и егзотични треви разубавено живеалиштето на тигарот во ЗОО Скопје

Со бамбуси и егзотични треви разубавено живеалиштето на тигарот во ЗОО Скопје

67

Живеалиштето на тигарот во Скопската зоолошка градина денеска беше разубавено со бамбуси и други егзотични треви. Акцијата се реализира на Светскиот ден на бамбусите, а целта е да се долови што повеќе природна животна средина на тигарот, велат од ЗОО Скопје.
Бамбусите се донација на ХЕФ, додека егзотичните треви и другите растенија на Градинарскиот центар Фоја, кој исто така помогна во самото садење на растенијата и пејзажното уредување.

Од ЗОО објаснуваат дека бамбусите, пампасите и другите егзотични треви се едни од најиздржливите, најбрзо растечки треви кои претставуваат повеќегодишни зимзелени растенија од фамилијата треви.

-Тигарот претпочита густа вегетација, место каде ќе може да биде спокоен и секогаш да е во близина на вода. Со оваа донација се обезбедува токму тоа. Иако се заштитени во меѓународни рамки, тигрите се вбројуваат во сериозно загрозените видови. Имено, само во последното столетие, нивната популација се намалила за повеќе од 90 отсто, додека два подвида се сметаат за исчезнати, велат од ЗОО Скопје, додавајќи дека секоја донација која ќе биде во функција на обезбедување благосостојба на животните и ќе поттикне посреќна средина за живеење, е добредојдена.



ПредходнаМаж од Швајцарија приведен во Прилеп
СледнаНова цена на горивата од полноќ