дома Македонија Големи се несогласувањата во ДПМНЕ, нека си ги решат и нека не...

Големи се несогласувањата во ДПМНЕ, нека си ги решат и нека не ја мешаат СДСМ

62





Изјавата на Мицкоски го потврдува она што го говоревме во изминатиот период, дека има големи несогласувања во ДПМНЕ а се што прави Мицкоски е да ја сочува својата фотелја во белата палата, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски, во емисијата „Топ Тема“ на Телма Телевизија.

„Сè што прави Мицкоски е за заштита на неговата фотелја во белиот дворец. И секогаш кога имаат внатрешни несогласувања некој друг им е крив. Граѓаните паметат дека слични меѓусебни обвинувања кога се фатија за рацете во медот. И тогаш пак за СДСМ се фатија. Сега повторно имаат некакви несогласувања.  Постојат структури во ДПМНЕ кои што велат дека оваа изолација којашто ја протежира Мицкоски не е добра за земјата. Во ДПМНЕ стана таква пракса на поделби. Да не го мешаат СДСМ во нивните внатрепартиски несогласувања, Мицковски да не остави надвор од неа и сам да ја реши. Одвлекување на вниманието од нивните поделби, кавги и несогласувања не поминува“, рече пратеникот на СДСМ и портпарол, Дарко Каевски.

– Реклама –








ПредходнаИнтервјуто на Мицкоски доволно објаснува, но имаме и други сознанија… за средба кај Пендаровски на државниот врв
СледнаДневен хороскоп за 20 септември 2023