дома Македонија Заедно со сојузниците остануваме солидарни со Украина

Заедно со сојузниците остануваме солидарни со Украина

74

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска учествуваше на состанокот на Контакт-групата за Украина кој под водство на секретарот за одбрана на САД – Лојд Остин, се одржа во Рамштајн, Германија.

На состанокот, на кој учествуваа над 35 министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, министерката Петровска порача дека земјава е одлучна во својата поддршка за Украина и украинските граѓани кои се борат за својата сувереност и независност.

„Северна Македонија е солидарна со Украина и нејзините граѓани. Министерството за одбрана продолжува да ја дава својата поддршка во согласност со одлуките на Владата и барањата од украинската страна. Во финална фаза се подготовките за реализацијата на обуката за украинските вооружени сили и сакам да нагласам дека разгледуваме дополнителни можности за обука во нашата земја во блиска иднина. Убедени сме дека нема алтернатива за континуираната поддршка за Украина“, рече Петровска и додаде дека почитувањето на принципите на меѓународниот правен поредок е императив, особено кога Европа е соочена со безбедносни закани.

„Само преку заеднички напори и одлучност за почитување на овие принципи можеме да имаме долготраен мир и стабилност“, заклучи министерката.

Состанокот на украинската Контакт-група го отворија секретарот за одбрана на САД – Лојд Остин, министерот за одбрана на Украина – Рустем Умеров, и државната секретарка во германското министерство за одбрана – Зимтје Молер.

Контакт-групата ја сочинуваат над 50 земји кои под водство на Соединетите Американски Држави ги координираат своите напори за помош и поддршка на Украина.

– Реклама –

ПредходнаОбјавена листата на 25 производи со гарантирани цени кои треба да бидат барем 10% поевтини
СледнаЕУ да премине на одлучување со квалификувано мнозинство и да се подготви за проширување во 2030-та