дома Македонија Инспекторатот констатираше незаконитост кај докторот од Тетово кој издавал лекарски извештаи само...

Инспекторатот констатираше незаконитост кај докторот од Тетово кој издавал лекарски извештаи само на албански јазик

64

По претставката што правниот тим на Левица ја поднесе против доктор Кастриот Аџиреџа од Тетово, кој лекарските извештаи ги издаваше само на албански јазик, Инспекторатот за јазици при Министерството за правда издаде решение со кое се утврдува дека има прекршување на законот од страна на докторот, информираат од партијата.

Инспекторатот, пренесуваат од Левица, по извршениот инспекциски надзор, констатирал дека докторот го прекршил член 6 став 2 од Законот за употреба на јазиците, според кој лекарските извештаи задолжително се пишуваат на македонски јазик, и на докторот му изрекол инспекциска мерка – Опомена со рок за отстанување на утврдените недостатоци. Доколку во утврдениот рок докторот не ги отстрани укажаните недостатоци, Инспекторатот ќе донесе друга инспекциска мерка, согласно Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Од Левица потсетуваат дека претставката била поднесена од страна на нивниот правен тим откако повеќе граѓани се обратиле до нив со поплаки дека од страна на докторот им бил издаден извештај само на албански јазик.

„Деградирањето и непочитувањето на македонскиот јазик во континуитет се мотивира од страна на етничките политички партии, како пракса која се рефлектира и на институционално ниво.

Додека владата на Ковачевски молчи пред зачестените вакви негирања кои доаѓаат од нејзини коалициони партнери, Левица ќе продолжи да се спротиставува на сите негативни тенденции кои го понижуваат македонскиот идентитет“, велат од партијата.

– Реклама –

ПредходнаССК: Данокот на екстра профит создава несигурност
СледнаСудењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 4 октомври, пристигнал поднесок од ЈО за измените на Кривичниот законик