дома Популарно Нема да воведуваме санкции кон Русија сè додека сме во состојба да...

Нема да воведуваме санкции кон Русија сè додека сме во состојба да ги издржиме притисоците

76

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на своето обраќање од Њујорк, каде што присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН, изјави дека „Србија сè уште нема да воведува санкции кон Русија“ и дека очекува притисок кога е во прашање позицијата на Србија по ова прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

-Прво ќе ни држат предавања европските функционери. Ќе ги слушам внимателно и ќе кажам – убаво е што ми одржавте предавање, но јас ја водам Србија како претседател. Сè додека е така и додека мислиме да можеме да ги издржиме овие предавања, ќе водиме ваква политика. Кога ќе сфатам дека не можеме повеќе, нема да го правиме повеќе. Знаеме како поминавме со санкциите. Зошто би учествуваат во тоа, им рече Вучиќ на новинарите во Њујорк.

Тој посочи дека претседателот на САД, Џозеф Бајден, како најголеми вредности на човештвото ги навел „прво територијалниот интегритет, потоа суверенитет, а дури под три човекови права“ и тоа „многупати повикувајќи се на повелбата на ОН“.

-Во својот говор ќе се обидам да ги потсетам сите дека тоа не е случај кога е Србија во прашање. Ќе ги потсетам кога не бомбардираа во 1999 година и дека сè уште не ги почитуваат прописите на ОН и резолуцијата 1244.

Кога станува збор за средбата со кинескиот потпретседател, Вучиќ истакна дека очекува потпишување на договор за слободна трговија што, ќе ги подигне односите на ново ниво.

Коментирајќи го говорот на американскиот претседател, тој истакна дека Бајден е позагрижен за Кина отколку порано.

-Беше жесток кон Русија. Интересно е што ги ставија човековите права и ЛГБТК зад територијалниот суверенитет. Како не се сетија на тоа пред повеќе од 20 години, праша Вучиќ.

МИА

– Реклама –

ПредходнаРусија ни ги киднапира децата и ги учи да ја мразат Украина
СледнаГруевски ќе биде уапсен во моментот кога ќе стапне во земјава, но се гледа дека тој е лидер на ДПМНЕ, затоа Мицкоски е толку нервозен