дома Популарно Пендаровски да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене, а тие...

Пендаровски да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене, а тие лица јавно да потврдат дали е така

72

Фејсбук статус на екс-премиерот Никола Груевски

1.Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски;

2.Го повикувам претседателот на републиката кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за моја амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија за мене.

Ако тоа се случи, и ако тоа воопшто било така, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно дали јас сум побарал од нив да бараат амнестија за мене кај Пендаровски;

Она што сигурно го знам и уште пред неколку години јавно го напишав и подоцна го повторив, е дека се додека траат политичките прогони во Македонија кон мене и кон другите, Македонија нема да има напредок.

Знам дека ретко кој го свати тоа сериозно, но таа лоша карма не се одстрани и за жал времето го потврдува тоа што го кажав. Неможе оние кои еден дел од животот, толку многу години, целосно го посветиле и искрено работеле за доброто на земјата и на сите во неа, потоа да бидат неправедно прогонувани од таа земја, и да очекувате позитивен развој на таа земја истовремено.

Како што неможете да очекувате ако некој во вашиот живот ви направил само добрини, а вие потоа нечовечки постапите кон него, да имате понатамошна среќа;

3.Да допрецизиран за ефектот од измените на кривичниот законик врз мене, бидејќи има многу шпекулации дека бил правен заради мене. Всушност токму во мојот случај имаат само минорно влијание, спротивно на тоа што го форсираат како теза многу политичари јавно или задскриени зад некој медиуми.

Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација.

Тоа е предметот ТНТ, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор.

Во предметот “Траекторија” политичкиот прогон е по друга квалификација, идентична како во предметот Тенк, а тоа е “Влијание заради остварување корист”, а користа е што сум сакал побрзо да се заврши автопатот за да го отвориме пред избори и со тоа да добиеме поголема подршка од граѓаните, па тоа обвинителството го квалификува како корист.

Независно колку сето ова е глупаво, дури ни таа имагинарна корист не е остварена бидејќи имавме предвремени избори а патот уште се гради и уште којзнае до кога ќе се гради.

Но, тој член предвидува казна до три години, и таму застареноста на гонењето е уште во 2019 година.

Во уште еден или два предмети каде се води политички прогон против мене со по две или три квалификации, можеби оваа измена на КЗ ќе има само делумен ефект, односно ќе се намали само по една квалификација, но бидејќи има и други квалификации, тие предмети ќе продолжат да се судат и ќе има пресуда, која ако политичкиот прогон не се елиминира, во услови на вака политички контролирано правосудство колку и да нема доказ против мене и моите поранешни соработници, колку и да е се апсурдно, сосема е извесно како ќе заврши.

Верувам дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9 политички мотивирани предмети, кои ако имаше нормално обвинителство и власт немаше ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, мене не ми менува многу, и сигурно не би помислил со некого нешто да разговарам за да продолжат политички да ме гонат со сите останати предмети.

4.Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал.
Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодатвстото со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев.

За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало “пред 3-4 години” како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководатво целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите.

Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со преставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање.

– Реклама –

ПредходнаСобранието го усвои Предлог-законот за Данокот на солидарност
СледнаПроценетата инфлација во еврозоната во август се спуштила на 5,2 отсто