дома Магазин Македонија домаќин на Светското првенство во латино танци

Македонија домаќин на Светското првенство во латино танци

73

Организирање на европски и светски првенства е исклучително важна работа за промоција на државата, но истовремено бара вложување многу труд за целото првенство да изгледа според сите поставени стандарди. Оваа година токму Македонија е домаќин на Светското првенство во латино танци, кое ќе се оддржи од 6ти до 11ти ноември во хотел „Александар Палас“ во Скопје.

Светското првенство во латино танци ќе биде прво од оваа категорија, која ќе се организира кај нас и прогнозите се дека ќе учествуваат повеќе од 20 земји и над 1000 учесници, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Организатори на првенството се танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“.

Овие две танцови студија во минатото имаат организирано низа европски и светски првенства под палката на Интернационалната танцова организација, преку кои се промовира нашата држава во најдобро светло.

Првото првенство организирано од страна на танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ беше Европското првенство во Street dance show во 2018 година. Во 2021 година го организираа Европското првенство во модерен и класичен балет, а  во 2022 и 2023 година беа домаќини на Европското првенство во хип-хоп танци.

Поради добрата организација на овие првенства, Интернационалната танцова организација им ја додели довербата на танцовите студија „Eat the Beat“ и „Break a Leg“ да го организираат и Светското првенство во латино танци оваа година, но и Светското првенство во хип-хоп 2024.

Овие постигнувања ни докажуваат дека Македонија има потенцијал да организира првенства од светски и европски размери.



ПредходнаRISE повик за апликации: поддршка за младите и социјалното претприемништво
СледнаИзмените во КЗ ги бараше и Мицкоски, но по оддалечувањето од поранешното раководство тој се повлече од барањето